Единаесет луѓе ги загубија животите а уште 44 се повредени во несреќа на туристички автобус во саботата во турската покраина Ескишехир, пренeсува новинскaта агенција Anadolu.
Настраданите биле дел од туристичка група којашто патувала од главниот град Анкара кон летувалиштето Бурса во центаралниот дел од земјата, се наведува во извештајот.
Несреќата се случила рано утрото во саботата кога возачот од засега непознати причини ја загубил контролата над возилото и се удрил во стебла крај патот.
Нејасно е што е причина за излетувањето, бидејќи коловозот не бил ниту влажен ниту замрзнат, изјавил покраинскиот гувернер Оздемир Чакачак. Тој ги негирал медиумските извештаи за 13 загинати и додал дека повредените се згрижени во три различни болници.
Двајцата возачи кои се полесно повредени, се притворени и отворена е истрага.