Единаесет таксисти убиени во ЈАР по враќање од погреб

Вооружени напаѓачи убиле единаесет такси возачи во јужноафриканската метропола Јоханесбург додека се враќале од погреб на нивен колега, објави во неделата портпаролот на полицијата.

Возачите, коишто биле во здружението на таксисти „Гаутенг“, се возеле во минимус на фреквентна сообраќајница враќајќи се од гробиштата кога од заседа биле начекани од напаѓачите кои отвориле оган.

„Имаше пукање. Возилото го сочекале напаѓачи во засега. Единаесет лица загинаа, додека четири се сериозно ранети и се наоѓаат во болница… Дознавме дека станува збор за членови на таски здружението Гуатенг. Во оваа област има многу насилство поврзано со такси услугите, но сѐ уште истражуваме кои се напаѓачите“, изјавил за медиумите полицискиот портпарол Џеј Нејкер.

Такси транспортот со минибуси е најпопуларната форма на превоз на патници во Јужна Африка со 55 милионско население, а насилството се заедничко за конкурентските групи коишто меѓусебно крваво се борат за доминација на пазарот и за профитабилните рути.