Ахмети да каже како внук му без вложен денар ја купи Соравија, додека обичните Албанци одат странство за да заработат за преживување, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Ахмети да каже како неговото семејство стана едно од најбогатите во Македонија.
Како внук му преку „Тор Индустриес“ со која ја купи Соравија гради на Коридор 8 како подизведувач.
Кога ќе заврши за внукот, Ахмети да каже за Мерко кој се најде на црна листа на САД.
ДУИ е партија која е потврдена за криминална, а нејзините членови се потврдени криминалци од Стејт Департментот.
Наместо во власт, луѓето од ДУИ треба да се најдат пред суд. Од обвиненија ги спасува само Ислам Абази, кој го инсталираа на чело на ОЈО ГОКК, и СДС со Јовевски.
Доаѓа време за ДУИ во опозиција и за одговорност за сите криминали“, стои во партиското соопштение.