
Во Македонија се случува политички прогон, единствениот македонски градоначалник во Албанија, Едмонд Темелко, кој е во лоша здравствена состојба, се наоѓа во притвор и врз него се врши политички реваншизам, а со оваа влада повторно се вратил криминалот на улиците, а за безбедноста на граѓаните никој не води грижа, рече пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Влатко Ѓорчев на расправата за гласање на недоверба на владата на СДСМ од собраниската говорница.
Се чувствува ли некој во оваа влада горд што го малтретирате Сашко Кедев, што го деградирате неколку скалила? Анонимуси го деградираат Сашко Кедев, знаете ли која ќе биде последицата? Последицата ќе биде ако Кедев отиде во приватно или во странство. И после тоа 300, 400 или 500 луѓе кои што требало да ги оперира во Македонија или ќе треба да даваат за приватно или ќе треба да собираат пари со донации за да одат во странство, праша Ѓорчев.
Тој додаде дека граѓаните кои до вчера ги поддржувале СДСМ и Заев денес веќе ги прозиваат, а тоа е поради лошите и катастрофални политики од кои ништо добро не виделе.
Горат коли на паркинзи, има убиства и вратени сме во 95, 96 и 97 година. Затоа што има небезбедност. Една година не можете една бандера да тргнете 30 метра и сега ќе го пуштите патот кој што е веќе направен, а абер немате за нови патишта, рече Ѓорчев.
Тој во текот на дискусијата кажа дека оваа влада мора да замине бидејќи Македонија има најлоша економска состојба од цела Европа. Единствена фактура која оваа влада треба да ја исплати, како што потенцираше Ѓорчев, е промена на името.