![vmro-dpmne](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2024/02/vmro-dpmne.jpg?resize=696%2C464&ssl=1)
Единствено на што е посветена ДУИ е на криминалот, Груби на црна листа на САД е доказ за тоа, наведуваат од ВМРО-ДПМНЕ во реакцијата.
„ДУИ 7 години наназад имаше можност да покаже дека е посветена на Македонија, тие покажаа само дека се посветени на тоа да смислат како нешто да украдат од државата.
Со години ДУИ игра на картата на меѓуетнички тензии, и ги злоупотребува Албанците. Сега веќе ДУИ се прочитани и никој не им верува.
На сите им е јасно дека борбата на ДУИ е за пари.
ДУИ наместо да штити криминалци како Груби, подобро ќе биде ако се посвети на сопствена реформа и расчистување со криминалците во своите редови“, потенцираат во реакцијата.
Време е ДУИ да спознае дека во Македонија нема место за криминалци во политиката, и да не бидат закрила повеќе на таквите во сопствените редови, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.