Телекомуникацискиот оператор Близу нуди пакет скроен по мерка на студентите. Како што информираат од операторот, Близу ги реактивира ексклузивните студентски пакети, наменети исклучиво за студентската популација во Македонија.
Во пресрет на новата студентска година, Близу повторно ја активира специјалната понуда наменета исклучиво за студентите во Македонија. Сите студенти, кои уредно го имаат заверено тековниот семестар на својот универзитет, ќе можат да станат корисници на супербрз интернет со брзина до 15 Mbps и неограничен трансфер за само 599 денари месечно. Оние студенти, пак, кои сакаат да ја додадат услугата аналогна телевизија на овој пакет, истото ќе може да го сторат со доплата од 100 денари. Исто така, со овие пакети, во одредени реони може да се добие и бесплатна фиксна телефонија со вклучени неограничени разговори во мрежата на Близу и со локални, национални и меѓународни разговори по најниски цени, информираат од Близу.
Пакет скроен по мерка на студентите – договорoт трае додека трае студенстката година
Од операторот посочуваат дека оваа понуда е единствена по времетраењето на претплатничкиот договор, кој е соодветен на времетраењето на студентската година и важи за склучен договор на 10 месеци. Понудата важи за студенти на државните универзитети, како и за студенти на сите приватни универзитети во градовите каде Близу има мрежна покриеност.
За повеќе информации корисниците можат да се обратат на телефонскиот број 089 011 011 или на веб страницата www.blizoo.mk
Близу ДООЕЛ Скопје е телекомуникациски оператор кој од јуни 2014 година е во сопствеништво на Телеком Австрија Групацијата. Операторот на своите корисници им нуди комплетни телекомуникациски услуги: супербрз неограничен интернет со брзина до 150 Mbps, дигитална телевизија со најголем избор на канали со висока резолуција и фиксна телефонија без месечна претплата, по цени достапни за сите.