ФОТО: Жежок едиторијал на Адријана Лима

Уште еден жежок едиторијал на бразилската убавица, што никого не остава рамнодушен. Овој едиторијал е толку заводлив и еротски, што веднаш ќе ја крене температурата во просторијата затоа што Лима се покажа во своето најсексапилно издание досега.

Жежок едиторијал на Адријана Лима
Жежок едиторијал на Адријана Лима

Адријана Лима спаѓа во оние жени што поседуваат заводлива еротика и тоа не само во телото, туку и на лицето, косата, движењето. Таа е жена што припадниците и на двата пола ја обожаваат. Облечена и само во џинс и бела маица, Лима е олицетворение на сексапилот.

Нејзината дива, егзотична убавина беше инспирација за голем број дозајнери што се тркаа да ја ангажираат бразилската убавица за потребите на нивните компании, едотиријали и други модни снимања. Последниот што одлучи да ја ангажира е Марк Џејкобс.

Жежок едиторијал на Адријана Лима
Жежок едиторијал на Адријана Лима

Познатиот дизајнер за потребите на модниот едиторијал што беше снимен за октомвриското издание на американското издание на магазинот ELLE како партнерка ја избра Лима. За себе Џејкобс избра одело во стилот на Дон Драпер, а својата нова муза ја облече во крзно, сатен и проѕирна облека.

Жежок едиторијал на Адријана Лима
Жежок едиторијал на Адријана Лима

Инаку Лима е и заштитно лице на новиот парфем на Џејкобс, насловен „ Decadence“.

Барав жена која поседува сексапил сличен на оној на Лиз Тејлор. Оној што се чуствува три соби подалеку од нас. Таа еротичност, сензуалност само Адријана може да ја изнесе. Мислам дека секоја жена ја има таа еротичност во себе, но ретко која од нив ја покажува, што навистина е жално, затоа што тоа е дел од секоја жена.