Едмонд Адеми од СДСМ, кој за опозициските медиуми е политички аналитичар и експерт на социјалните мрежи повикува на насилство. На статусот објавен на Фејсбук Адеми повикува на пролевање на крв.
-Дур не се пролее крв по улиците, ниту режим паѓа, ниту слобода се стекнува, вели Адеми.
Адеми кој долги години беше член на ЦО на СДСМ со својот статус во кој повикува на насилство предизвика позитивни реакции кај дел од опозициските новинари. Очигледно и Мери Јордановска се согласува и го поддржува насилството за кое пишува Адеми бидејќи неговиот статус и се допаѓа.
Токму опозициските медиуми често го контактираат Адеми, кој покрај долгогодишното членство во ЦО на СДСМ бил и претседател на СДММ во Тетово, како експерт или политички аналитичар.
Веќе е познато дека неговите ставови се против интересите и просперитетот на земјата. Покрај насилството и крвопролевањето за кое говори Адеми, тој повикуваше на Македонија да не и се даде датум за почеток на преговори со ЕвропскатаУнија.
-Да сум Европска комисија, не само што ќе нема датум за почеток на преговори, туку би го одзел и кандидатскиот статус, е коментарот кој тогаш го напиша Адеми повторно на социјалните мрежи.
Јавноста неколку пати досега беше сведок на скандалозни изјави и повици за насилство од страна на членови на опозициската СДСМ, кои најверојатно го следат примерот на лидерот на опозициската партија Зоран Заев. Токму Заев говореше дека „ќе има пукање“, а пак поранешниот кандидат за градоначалник на Штип Здравко Коцев се закануваше дека ќе има „ заб за заб, крв за крв“.