Иако се една од најнапредните нации на полето на науката, голем број Американците не ги знаат најосновите факти за природата, покажуваат истражувањата.
Анкетата, која што ја спроведе Националната фондација за наука, а која опфатила повеќе од 2.200 лица, открила дека секој четврти жител на САД не ја знае општо познатата работа дека Земјата се врти околу Сонцето.
На испитаниците им биле поставени десет прашања од областа на физичките и биолошките науки, а во просек точно одговориле на шест ипол прашања, што е едвај преодна оценка.
Само 74 отсто од испитаниците знаеле дека Земјата кружи околу Сонцето, а помалку од половина дека човекот еволуирал од претходни видови на животни.
Секој трет од испитанците рекол дека владата би требало повеќе да вложува во науката, а околу 90 отсто од нив не изјавиле дека предностите од научните истражувања се поголеми од опасностите кои може да ги предизвикаат. Приближно ист е бројот на испитаници кои што се интересираат за нови откритија во медицината.
Резултатите од анкетата, која што се спроведува на секои две години, ќе се најде во извештајот кој што Фондацијата ќе го поднесе до американскиот претседател, Барак Обама, и до Конгресот.