![jovica ugrinovski](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2023/11/jovica-ugrinovski.jpg?resize=696%2C592&ssl=1)
На 29 ноември 2022 година, по тешко боледување на 77-годишна возраст почина познатиот неврохирург проф. д-р Јовица Угриновски, основач и претседател на Управниот одбор на „Неуромедика“.
Д-р Угриновски беше долгогодишен универзитетски професор, специјалист по невро-хирургија, а со клиниката Неуромедика дополнително ја прошири медицинската дејност во интерес на пациентите.
Угриновски беше и долгогодишен претседател на Федерацијата на планинарски спортови, а беше активен спортист и планинар.
Во историјата на Македонија влезе 1995-тата кога по атентатот врз претседателот Киро Глигоров, Угриновски го предводеше лекарскиот тим кој го спаси и се грижеше за првиот демократски избран претседател на независна Македонија.