Една милијарда долари за модернизација на аеродромот „Никола Тесла“

Една милијарда долари ќе бидат вложени за проширување и модернизација на белградскиот аеродром „Никола Тесла“, а разговорите со потенцијалните концесионери од Обединетите Арапски емирати ќе се водат следните недели во Белград, пишуваат денешни „Вечерњи новости“.

Планот е според моделот на јавно-приватно партнество да се изгради трет терминал, да се реконструира Терминал 1, да се изгради друга писта, најголем карго центар во регионот, нов хотел, а за овој проект постои голем интерес, пишуваат „Новости“.

Меѓу заинтересираните се две компании од Емиратите од кои едната „Арабтек“ е позната за јавноста од најавата на премиерот на на Владата на Србија, Александар Вучиќ дека ќе учевствува во изградбата на евтини станови во Србија.

Оваа компнија моментно на аеродромот во Абу Даби го гради еден од најголемите и најмодерните терминали во светот, со капацитет од 30 милиони патници годишно.

Меѓу потенцијалните концесионери има и компании од Франција, Австрија и Русија.