Eдна недела полицијата трага по исчезнато момче од Струмица

Речиси цела недела полицијата трага по 29-годишниот Марко Давчев од Струмица.

Тој е пријавен за исчезнат во полиција на 9-ти декември.
„На 09.12.2023 година во Полициската станица Струмица Т.Д.(64) од Струмица пријави дека од нивниот дом се оддалечил неговиот син М.Д. (29), кој бил со нарушено здравје. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето“, информираат од МВР.

На социјалните мрежи кружи и апел за доколку некој го забележи, веднаш да пријави во полиција.