
Сите оние кои обожуваат кафе и не можат утрото да го замислат без него, можат да воздивнат. Најновото истражување покажало дека омилениот утрински пијалак е всушност добар за црниот дроб.
Докажано е дека луѓето кои секојдневно внесуваат поголема количина на кафе го намалуваат нивото на лоши енземи во црниот дроб, а ефектот се постигнува и со кафе без кофеин.
Авторот на истражувањето, доктор Киан Ксиао од Мериленд, вели дека и претходните истражувања покажало дека кафето има позитивно влијание на црниот дроб, но дека не е познато во колкава мерка истиот ефект го има кафето без кофеин.
За да се утврдат ефектите на безкофеинскто кафе на црниот дроб, Ксиао и неговите колеги ги користеле претходните податоци и направиле свое на истражување спроведено врз 27.800 испитаници постари од 20 години, а резултатите го потврдиле сомневањето дека кафето без кофеин може позитивно да влијае на работата на црниот дроб.