Пилотот на летот на авионот „Singapore Airlines“ на летот од Лондон принудно слета во Бангкок во вторникот поради силни турбуленции, при што еден патник загина, а триесетина луѓе се повредени.
Во соопштението на „Singapore Airlines“ не се наведува колку се повредени, но неколку тајландски медиуми објавија дека има 30 лица.
Авионот „Boeing 777-300ЕR“ со 211 патници и 18 членови на екипажот летал на релација Лондон-Сингапур, но влетал во силни турбуленции, поради што принудно атерирал, се наведува во соопштението на авиокомпанијата.
Портпаролот на аеродромот Суварнабхуми во Бангкок изјави дека тим од лекари и медицински персонал е на подготвеност.
„Наш приоритет е да им ја обезбедиме сета потребна помош на патниците и екипажот на авионот“, соопштија од авиокомпанијата. „Ние работиме со локалните власти на Тајланд за да им ја пружиме сета потребна медицинска помош“, додаваат.