Едно лице е убиено а најмалку девет други се ранети во терористички напад откако во неделата се слушнале истрели на централната автобуска станица Бершеба во јужен Израел, соопшти полицијата, квалификувајќи го инцидентот како терористички напад.
Израелската служба за итна медицинска помош (Magen David Adom – MDA) соопшти дека нејзините болничари пружале медицински третмани на местото на настанот на девет лица кои биле ранети со различни степени на повреди, а има извештаи за повеќе настрадани.
Младата жена, на околу 25-годишна возраст, која била тешко ранета во нападот им подлегнала на раните во болница.
Дополнително, MDA соопшти дека префрлила во медицинскиот центар „Сорока“ во Бершеба две лица во тешка состојба, четири лица во умерена состојба и две лица кои биле полесно ранети.
„Обезбедивме првичен третман на местото на настанот на една млада жена која беше сериозно повредена и подоцна беше пренесена во болница. Пренесовме уште една жена која беше во критична состојба и четири лица кои беа со умерено и лесно до умерено повредени. Дополнително, на местото на настанот им помогнавме на неколку лица кои претрпеа емоционален шок поради природата на инцидентот“, го цитира соопштението весникот The Jerusаlem Post.
Според извештаите на израелските медиуми, се верува дека терористот е извесен Ахмад Саид Сулиман ал-Укаби, 29-годишен израелски државјанин со бедуинско потекло. Според MDA, напаѓачот е „елиминиран“.
Ова е втор терористички напад во Израел од почетокот на месецов. На 1-ви октомври, во вооружен терористички напад во Јафа, во јужното предградие на Тел Авив, двајца милитанти отворија оган врз луѓето во близина на трамвајска постојка. Напаѓачите биле вооружени и со ножеви. Во нападот седум лица загинаа а уште 16 се повредени со различен степен на сериозност. Според полицијата, терористите биле елиминирани од при падници на локалните власти и граѓани кои имале оружје со себе.