Една жртва и повеќе исчезнати по експлозија на островот Џерси

Најмалку едно лице загина, се верува дека уште околу 12 лица се водат како исчезнати а двајца минувачи се ранети и се згрижени во болница, по експлозија во станбен блок во Сент Хелиер, соопшти во саботата полицијата на островот Џерси, близу северниот брег на Франција.

„По синоќешната експлозија во О-ду-Монт во улицата Пјер многу жители и натаму се водат како исчезнати. Итните служби дејствуваат на локацијата и започнаа површинско пребарување на областа“, објави на Twitter полицијата на Џерси.

Британските телевизии BBC и Sky News, повикувајќи се на полицијата, дека е потврдено загинувањето на едно лице. Се наведува, исто така, дека трикатната зграда целосно се урнала.

Началникот на полицијата, Робин Смит, изјави за локалните медиуми дека смета оти напорите за пребарување и спасување ќе траат „неколку денови“.

„Тоа е прилично разорна сцена… ситуацијата е многу опасна за целиот наш персонал“, рече тој.

Службите за итни случаи соопштија дека последователниот пожар од експлозијата бил изгаснат. Од жителите е побарано да ја избегнуваат областа.

Островот Џерси е британски кралски посед со сопствен финансиски и правосуден систем, поради што важи како една од светските „даночни оази“. На островот, со посебно живеалиште, живеат околу 100.000 лица.

Полицијата претходно соопшти дека го истражува инцидентот во станбени објекти. Улицата којашто е спомената во изјавата се наоѓа во близина на пристаништето на главниот град на островот Сент Хелиер.