Во саботата утрото околу 06,10 чaсот во СВР Скопје е пријавено дека на булеварот Киро Глигоров се случила сообраќајна несреќа.
Според пријавеното, 53-годишниот Б.С. застанал со своето возило „фиат пунто“ со скопски регистерски таблички, затоа што му пукнала гума, по што со друго возило дошол да му помогне 29-годишниот Н.С. од Скопје.
Според пријавеното, додека се обидувале да ја променат гумата во нив удрило патничко возило „форд фиеста“ со скопски регистерски таблички, управувано од Н.Л. на 18 година од Скопје, кој го напуштил местото на настанот, но потоа се вратил без возилото.
На местото на настанот починал Б.С., а Н.С. е пренесен во ГОБ „Св. Наум Охридски“. Возилото „форд фиета“ е пронајдено на булеварот „АСНОМ“. Извршен е увид и се преземаат мерки за расчистување на случајот.