Во саботата утрото околу 08,15 часот на регионалниот пат кај селото Извор, велешко, кај место викано Врановски aнови, се случила сообраќајна несреќа меѓу две товарни возила „ТАМ“, двете со велешки регистарски ознаки, едното управувано од И.Ј. на 37, а другото управувано од Ј.Ј. на 22 години, и двајцата од селото Бузалково, велешко.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил И.Ј., констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“, каде и им подлегнал на повредите.
По насоки на Јавен обвинител, телото на починатиот е предадено на обдукција. Увид извршила екипа од СВР Велес.