Едно лице загина во сообраќајна несреќа што се случила во неделата ноќта околу 19 часот кога патничко моторно возило „КИА“ излетало од регионалниот пат Градско-Неготино, кај локалитетот „Стоби“.
Возилото го управувал 47-годишниот С.П. од неготинското село Црвени Бреговио, кој починал на самото место.
Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР – Велес. По наредба на Јавен обвинител, над телото на починатиот ќе се врши обдукција.