Шеесет и едногодишен скопјанец загина претпладнево во тешка сообраќајна несреќа кај мостот „Гоце Делчев“ во центарот на Скопје.
До несреќата дошло кога се судриле автомобил „цитроен“ и „фиат пунто“.
Поради силината на ударот пунтото излетало и се забило во кованата ограда на мостот и според извештаите, се уште виси над реката Вардар.
Возачот подоцна беше извлечен од страна на противпожарната бригада, а Брзата помош се обиде да го реанимира.
Полицијата врши увид на местото на настанот. Идентитетот на загинатото лице ќе биде објавен подоцна.