Мал потсетник што за среќата имаат говорено величините како Херман Хесе, Виктор Иго, Оскар Валјд, Иво Андриќ, Орхан Памук…
- Чудно е колку малку е потребно за да бидеме среќни и уште почудно: колку често баш тоа малку ни недостасува. (Иво Андриќ)
- Вистинската тајна на среќата е во тоа многу да бараме од себе, а малку од другите. (Алберт Гињон)
- Извесна количина на напнатост е неизбежен дел од животот, а извесна количина на тешкотии е знак на живеење. Уште повеќе, среќата мора да се заслужи. Таа не доаѓа во пилули. (Артур Гордон)
- Кон среќата треба да се однесуваме како кон здравјето: да уживаме во неа кога е добра, да бидеме трпеливи кога е лоша. (Ла Рошфуко)
- Држи ја среќата како птица: што понежно и полесно. Доколку се чувствува слободно, ќе ти остане засекогаш во рака. (Фридрих Хебел)
- Ние би биле целосно среќни или барем блиску до среќата, кога навистина би го имале тоа што завидливците околу нас мислат дека го имаме и кога сето тоа би го имале под онакви услови како што тоа им се чини на нив. (Иво Андриќ)
- Не е среќен оној кој има што сака, туку оној кој не го сака тоа што го нема (латинска поговорка)
- Да се биде среќен значи да се биде слободен, не од болка или од страв, туку од грижи или тешкотии (Оден)
- Вистинската и сигурната среќа многу повеќе е дар на мислите и срцето, отколку дар од надворешниот свет (Јозеф Чапек)
- Сите луѓе бараат среќа, со помалку или повеќе упорност, а најмногу шанси да ја најдат и сочуваат имаат оние кои ја бараат во заедничката среќа со што повеќе луѓе со кои животот ги поврзува (Иво Андриќ)
- Среќни сме само тогаш кога од утрешниот ден не бараме ништо, а од денешниот со благодарност го примаме тоа што ни го донел. (Херман Хесе)
- Не е точно дека секој човек е ковач на својата среќа, туку поточно е дека секој човек е ковач на својата несреќа. (Јован Дучиќ)
- Среќата, прочитав негде, не е слепа, неука е. Размислував дека среќата им е утеха на оние кои не ја познаваат статистиката и можностите. (Орхан Памук)
- Маж може да биде среќен со секоја жена, се додека не ја засака. (Оскар Вајлд)
- Најголемата среќа во животот е увереноста дека сме сакани – сакани поради тоа какви сме или уште повеќе, и покрај тоа какви сме. (Виктор Иго)