Во престрелка вечерва е убиено едно лице во Тетово.
Според информации на ТВ21, ова е „продолжение на неодамнешното пукање кај тетовската болница“.
Причините за убиството сѐ уште не се познати, но според неофицијални информации што ги има Tetova Sot, починало едно лице со иницијали Р.Т., е на возраст од околу 40 години.
Според првичната информација на СВР Тетово, кон мажот е пукано додека бил во возило.
-Во 20.35ч. во СВР Тетово е пријавено дека на улицата „Штипска“ едно лице кое било со возило „мерцедес“ пукало кон возило „БМВ“ во кое било лицето со иницијали Р.Т., кое од добиените повреди починало. Полициски службеници од СВР Тетово преземаат интензивни мерки и активности за расчистување на случајот, информираше Фатмир Реџепи, портпарол на СВР Тетово.