Министерството за здравство, согласно податоците од Институтот за јавно здравје, информира дека во последните 24 часа се направени 2.225 тестови, а регистрирани се 262 нови случаи на ковид-19. Од вкупниот број на позитивни (262), регистрирани се 39 реинфекции, а регистрирани сe 326 оздравени пациеенти.
Во истиот временски период регистрирано е едно починато лице од Скопје (87), кое животот го загубило во болнички услови. Кај починатото лице е регистриран коморбидитет.
Досега во земјата се направени вкупно 1.962.489 тестирања на ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 305.979, бројот на оздравени пациенти е 294.988, на починати е 9.221, додека бројот на активни случаи изнесува 1.770.