Едно лице почина, 75 нови случаи на КОВИД-19

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, во последните 24 часа направени се 1.112 тестови, а регистрирани се 75 нови случаи на КОВИД-19

Од вкупниот број на позитивни (75), регистрирани се 12 реинфекции.

Во текот на изминатите 24 часа не се пријавени починати лица. Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин дополнително е регистрирано едно починато лице од Скопје (86г), починато во болнички услови на датум 31.05.2022 година.

Досега во земјата се направени вкупно 2.057.173 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 312.097, бројот на оздравени пациенти е 302.290, на починати е 9.307, а бројот на активни случаи изнесува 500.