Триесет и едногодишник од крушевското село Нерово е полесно повреден при денешната сообраќајна незгода што се случи на автопатот Тетово-Гостивар.
Сообраќајката се случила околу 16 часот и 30 минути на автопатот кај клучката за излез кон Камењане.
„Во сообраќајката учествувале две патнички моторни возила. Мерцедес со германски регистерски ознаки што бил управуван од 55-годишниот Н.У од село Дебреше, Гостиварско и ‘БМВ’ со крушевски регистрации што го возел 31-годишниот Е.А од селото Норово. Во незгодата БМВ-то излетало од коловозот, по што лесни повреди добил возачот кој бил сам во автомобилот. Возачот на ‘мерцедесот’ кој, исто така, бил сам во возилото, не е повреден“, информираше Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.
По укажаната лекарска помош во тетовската клиничка болница, повредениот бил вратен на местото на незгодата. Увид се врши од службеници на СВР Тетово.