Едно лице повредено во несреќа кај Ласкарци

Едно лице е повредено во сообраќајна несреќа која се случила вчера во 18 часот на автопатот “Мајка Тереза“ на мостот над локалниот пат кој ги поврзува с.Бојане со селото Ласкарци.

БМВ“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од 45-годишниот Н.И. од Гостивар, излетало надвор од коловозот и удрило во бетонски ѕид од мост. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот, по што бил пренесен во Комплексот клиники “Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош, информираат од МВР.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа на СВР Скопје.