Едно лице приведено за инцидентот на Пластичарска улица

Едно лице е приведено во четвртокот рано во пладневните часови, поради тоа што предизвикало инциденет на познатата ткн Пластичарска улица во Скопје, кога не го сопрело своето возило на знак на собраќајната полиција.

Според информациите на портало Курир.мк, неофицијално се дознава деа нека околу 13,30 часот на булеварот „Никола Карев“ сообраќајна полиција вршела проверка, а возачот на автомобил „мерцедес“ не застанал на знакот „стоп“ од контролата. Потоа, возилото било престигнато од полицијата и приведено е 35-годишно лице од Скопје.

Засега полицијата не дава други поединости за овој инцидент.