На 17.11.2020 во 12.10 часот, на магистралниот пат Кичево – Гостивар, кај селото Трапчин Дол, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничките возила „фиат сеиченто“, со кичевски регистарски ознаки, управувано од Д.Д.(35) од Кичево и „тојота“, со косовски национални ознаки, управувано од Б.Н.(40) од Приштина, информира МВР.
-Во незгодата Д.Д. се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, каде бил пренесен за укажување на лекарска помош, посочуваат од полицијата.
По насока на Јавен обвинител увид на местото на незгодата извршила увидна екипа од Полициската станица Кичево.