Едно лице е убиено, а пет се ранети во пукање пред бар во Канзас, каде полицајци кои не биле на должност, работеле како обезбедување. Пукањето се случило во неделата вечерта околу 23 часот по локално време, после кавга во еден бар, соопшти полицијата во Мисури, пренесе АП.
Тројца полицајци кои не биле на должност работеле како обезбедување, велат од патролата, а при престрелката тие возвратиле.
Нема информации дека некој од нив е повреден при размената на огнот.
„Во ситуации како оваа, не можете да предвидите што ќе се случи, но се преземаат некои мерки на претпазливост“, изјави полицаецот Бил Лав.
Засега не се знае дали куршумите испукани од полицајци кои не биле на должност погодиле некого. Истрагата е во тек.