Едно лице загина кај Кичево, уште едно се бори за живот

Едно лице загина кај Кичево, уште едно се бори за живот
Едно лице загина кај Кичево, уште едно се бори за живот

Дваесет и четири годишниот Башким Д. од тетовското село Челопек го изгуби животот при изведување на градежни работи а, едно лице се бори за живот, објави порталот.

Несреќата се случила во близина на кичевското село Бачиште каде се работи на изградба на мини хидроцентрала.

Багерист при маневар на градежна машина удрил во 24 годишниот Башким и 50-годишниот негов колега, исто така од Челопек. Двајцата повредени итно биле пренесени во кичевската болница каде за жал, Башким им подлегнал на сериозните повреди.

Второто лице има тешки повреди, но се наоѓа надвор од животна опасност.

Полицијата на местото на несреќата извршила увид во присуство на Јавен обвинител и трудова инспекција.

Малолетници претепани во Центар

Малолетници претепани во Центар
Малолетници претепани во Центар

Вистинска драма се одвивала вчера на улицата Црвена Општина. Неколку непознати насилници без никаква причина ги нападнале 17-годишните В.К. и М.А. удирајќи ги по главата и телото, нанесувајќи им повреди. 

Полицијата трага по насилниците.

Обид за убиство во Струга

Струшката полиција поднесе кривични пријави против дваесет и двегодишниот албански државјанин Г.Б. и 39-годишниот Д.З. од струшкото село Радолишта поради обид за убиство. На 16 декември минатата година пет минути по полноќ на локалниот пат Велешта-Октиси, се обиделе да го убијат 36-годишниот А.С. од Велешта, кој се здобил со огнострелни рани во грбот, стомакот и екстремитетите.

Според податоците, настанот се случил во близина на неговиот дом кога тој излегувал од своето патничко моторно возило марка „Мерцедес“. Во моментот, од патничко моторно возило марка „Ровер“ без регистарски таблици паркирано во близина на неговата куќа, од совозачката страна излегол првопријавениот Г.Б. и испукал повеќе куршуми кон А.С. по што заедно со второпријавениот Д.З. кој го управувал возилото и со умисла помогнал во извршувањето на кривичното дело, веднаш избегале. Повредениот А.С. итно бил пренесен во општата болница.

 

Прочитајте повеќе:

Сопугот ја претепал пред нивното малолетно дете

Деца предизвикаа пожар на кејот на Вардар кај „Синерџи“