
Утрово околу 07.45 часот на регионалниот пат Куманово – Свети Николе, М.К.(55) од Свети Николе, управувајќи патничко возило „голф“ со штипски регистарски ознаки, излетал од патот и удрил во дрво, при што починал на местото.
Смрт контатирла екипа од Итна медицинска помош. Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициската станица Свети Николе.