Едно лице загина во железничка несреќа во Скопје

Едно лице загина во железничка несреќа која што се случила утрово околу осум часот во близина на скопска Железара, велат првичните информации од Министерството за внатрешни работи.

Несреќата се случила утрово околу 8,15 часот, откако возот кој што сообраќал на релација Скопје- Кичево удрил во засега непознато лице, кое починало на самото место.

Полицијата во овој момент врши увид на местото на несреќата.