Едно лице заврши на Ургентен по групна тепачка во Тетово

Групна тепачка се случила вчера околу 19 часот, на ул.„Илинденска“ во Тетово во и пред  угостителскиот објект „Биби“. Во тепачката учествувале вкупно четири лица, три од едната страна, и едно од другата страна.

Како што информира МВР, по претходна вербална расправија, најпрво Н.М. кој бил заедно со неговиот брат Е.М. и уште едно лице  станал од масата и со тупаница го удрил М.Д.(31) инаку нивен познаник, кој набрзо излегол од објектот, а потоа повторно се вратил во угостителскиот објект и ги повикал тројцата да излезат за да се пресметаат.

Тепачката продолжила надвор, при што М.Д. употребил ладно оружје (кујнски нож) со кое на двајцата браќа, Е.М. и Н.М. им нанесол повеќе расекотини и убодни рани во пределот на телото…

Повредените биле пренесени во тетовската клиничка болница,  од каде итно се префрлени во Ургентниот Центар во Скопје додека М.Д. е пренесен  и задржан за лекување во тетовската болница.

Јавен обвинител и екипа од СВР Тетово извршиле увид на местото на настанот а пронајден е и подигнат ножот и истиот е предаден за вештачење.

Се работи на целосно расчистување на случајот.