Едно тело најдено, се трага по исчезнатите во свлечиште во Норвешка

Спасувачите со кучиња трагачи во петокот пошладне, кусо откако започнаа со ризичната потрага по десет исчезнати лица во свлечиштето на триесетина километри од норвешката престолнина Осло, пронашле едно тело.

Според оцените на властите, преопасно било на лизгалиштето да се испраќаат спасувачките екипи, па местото на несреќата, кое претставува голем кратер кој проголтал станбени објекти во селото Аск, беше пребарувано од воздух, со хеликоптери и со помош на дронови.

Но во петокот полицискиот началник Рои Алквист проценил дека една или две куќи се безбедни за влегување. Спасувачите, меѓу кои и членови на шведски тим, се упатиле во опасната област, обидувајќи а допрат до една од уништените куќи.

Во четвртокот бил спасен пес далматинер кој исчезнал во свлечиштето заедно со неговите сопственици, а полицијата потоа соопштио дека верува оти сѐ уште има шанси да бидат пронајдени преживеани.

Меѓутоа, во петокот попладнето во близна на местото на несреќата слетал хеликоптер на итната помош, а полицијата извести дека околу 14,30 часот по локално време е откриено безживотно тело. Не се објавени други поединости.