Претставниците на Синдикатот на доктори и фармацевти на Србија (СЛФС) стапиле во еднодневен штрајк, а од надлежните бараат укинување на солидарниот данок за доктори, како и да се укине забраната за вработување во здравствените установи во следните две години.
Во штрајкот се вклучени повеќе од 130 здравствени устави во кои што тој синдикат има членови.
„Ние имаме членство од 130 здравствени установи, но пристигнуваат и дописи од институциите во кои што немаме членови од каде луѓето не’ поддржуваат и велат дека ќе учествуваат во штрајкот“, рекол претседател на синдикатот, Драган Цветиќ.