
Едногодишниот Муса Дајиб од Минеаполис преживеа пад од 11-от кат на зграда.
Детенцето паднало откако пропаднало низ ограда на тераса.
Локалните медиуми јавија дека детето се здобило со две скршеници на раката и е ставено на апарат за дишење. Се очекува дека ќе преживее бидејќи, како што изјавил неговиот лекар, тој се уште е малечок, а местото на кое паднал било меко. Децата, како што објаснил, се поеластични од возрасните и потешко им се кршат коските. Возрасен човек, според него, во случајов, сигурно би загинал.