Еднократна мерка за социјално загрозени лица: Отпис на долгови за струја, вода, парно…

Во програмата на ВМРО-ДПМНЕ се предвидува отпис на долгови на социјално загрозени лица, со цел да им се помогне бидејќи тие беа на удар на големата економска криза, рече премиерот Никола Груевски.

„Размислуваме како по завршувањето на кризата да им помогнене на социјално најранливите групи заради кризата и дојдовме до идеја за отпис на долгови за струја, парно, телефонија и кредити кои се категроизирани во Д категорија“, рече Груевски.

Лицата кои што ќе можат да ја искористат оваа помош од државата ќе мора да исполнат одредени услови, предвидени во програмата,  а нема да оди по пат на автоматизам, туку ќе биде потребно да се пријават.

Правото на отпис се однесува до 31-ви декември минатата година и се однесува за неплатени долгови подолго од 12 месеци, а целиот проект ќе биде изработен специјален закон, кој што би требало да се заврши во септември.