
Советот на Општина Гази Габа ја одржа 48мата(вонредна) седница по повод невремето и штетите од елементарната непогода кои се направија на територијата на општината.
На седницата се усвои информацијата на градоначалникот за текот на активностите поврзани со штетите од елементарната непогода.
-Исто така, членовите на советот донесоа одлука за формирање на комисии за процена и утврдување на штета настаната од природни непогоди и други несреќи(по итна постапка) и одлука за доделување за еднократна парична помош на семејствата на починатите од елементарната непогода( по итна постапка) која изнесува 100 000 денари, информираат од општината.