Истражен судија во загрепскиот Жупански суд одреди едномесечен притвор за десетте осомничени лица во аферата „ЈАНАФ“ поради опасност од влијание врз сведоците.
Управа за сузбивање на корупција и криминал (УСКОК) побара притвор за 10 од 13 осомничени во предметот, меѓу кои се и градоначалниците на Нова Горица и на Нова Градишка, Дражен Баришиќ (ХДЗ) и Винко Гргиќ (СДП), на кои вчера, по апсењето, им беше одземен пратеничкиот имунитет, како и на Дарко Пуљашиќ (ХДЗ).
Првпат во Хрватска во еден ден е укинат имунитет на тројца пратеници.
УСКОК почна истрага против директорот на компанијата „ЈАНАФ“, Драган Ковачевиќ и уште десетмина осомничени за проневера со тендери. Ковачевиќ е на чело на државната компанија „ЈАНАФ“ која доставува сурова нафта преку цевководи од 2012 година.
Приведените лица се товарат за фаворизирање на фирми во распределбата на милионски бизниси, додека Ковачевиќ е осомничен и за примање мито.