Подготовката на лесни и брзи колачиња нема да ви одземе многу време, а на вашите најблиски тоа ќе им биде вистински празник за сите сетила. Уживајте во викендот и во опуштената атмосфера зачинета со мали и слатки задоволства.
Потребни состојки за фантастичните тути фрути колачиња
Потребно:
7 белки
200 гр. шеќер
100 гр. мелени пржени лешници
1 лажица брашно
Половина литар млеко
Една ќесичка пудинг од ванила
3 лажици брашно
100 гр. шеќер
10 жолчки
250 гр. маргарин
300 гр. чоколадо за готвење
300 гр. мешавина од брусница, лешници и суво грозје
100 гр. чоколадо
2 лажици млеко
1 лажица шеќер
За кората изматете ги белките и шеќерот и потоа соединете ги со мелените лешници и брашното. Ставете ги во подмачкана тепсија и печете.
За филот потребно е да го сварите млекото со шеќерот, па потоа полека да го додадете прашокот за пудинг, брашното и жолчките. Кога кремот ќе ја добие потребната густина, изладете го и ставете го маргаринот и додадете го чоколадото.
Кората премачкајте ја со филот, а одозгора ставете го сувото овошје и свиткајте во форма на ролат. Кога ќе се излади прелијте го со глазурата од растопено чоколадо и млеко.