Согласно податоците за движењето на цените на берзата HUPX во Унгарија за 2 февруари просечната часовна цена на еден мегават час електрична енергија (baseload) изнесува 83,91 евра/mwh, додека на Македонската берза за електрична енергија цената е 89,43 евра/mwh
Цената на електричната енергија во текот на дневните часови (9:00 – 15:00) (Power solar peak) на HUPX постигна ниво од 80,43 евра за мегават час, а на MEMO 86,07 евра.
Цената на природниот гас пак на унгарската берза CEEGEX изнесува 28,18 евра, додека цена според индексот на холандската берза, TTF Dutch е 28,79 евра.
Имајќи ја предвид актуелната состојба на енергетскиот пазар во Европа и светот важно е да се подигне свесноста за домаќинско трошење на електричната енергија, како и редовно подмирување на сметките за електрична енергија со цел да се зачува стабилноста во снабдувањето.
Информациите за движењето на цената на електрична енергија и на природниот гас може да помогнат во попрецизно планирање на буџетите за потрошувачката електрична енергија, да се заштеди на сметките за струја, како и компаниите да носат информирани деловни одлуки со кои што ќе ги намалат своите трошоци и поуспешно ќе ги реализираат своите бизнис планови.