Едукација за Превенција од топлотен бран во Дневниот центар за стари лица

Во Дневниот центар за стари лица се одржа едукација за превенција од топлотен бран. Едукацијата ја одржа д-р. Емилија Најдевска, ангажирано лице во Дневниот центар за вршење на медицински прегледи.

Целта на едукативната средба беше корисниците да се информираат кои се начините за заштита од временските услови, како да превенираат топлотен удар и како да помогнат во случај на топлотен удар кај друго лице.

Исто така, како дел од презентацијата за превенција од топлотен удар беше вклучена и кратка презентација за правилниот начин на исхрана за време на високите температури во летниот период.