Бајкерс Гараж Македонија и Општина Кисела Вода ве покануваат утре, сабота 30.03.2024 година, со почеток во 11 часот, пред салата Расадник, на едукативен мото настан од отворен карактер „Сите возиме, но некои знаат”.
На присутните од страна на лиценцирани инструктори, ќе им биде презентирани важноста за техничка исправност на моторното превозно средство (мопед, скутер, мотор), правилната употреба на безбедносна опрема за возење, како и справување во реални ситуации на улица. Низ дружење со претставници и членови од мото клубови, авто-школи и здруженија ќе се изврши едукација за безбедно возење во и надвор од урбани средини, за брзината како фактор за општа безбедност и за намалувањето на загаденоста на воздухот преку користење на електрични превозни средства.