Едвард Сноуден доби син

Сопругата на пребеганиот консултант на американското електронско разузнавање Едвард Сноуден родила син, покажуваат фотографиите објавени на социјалните мрежи во саботата.

„Среќни празници од нашето проширено семејство“, напиша Линдси Милс на Instagram крај фотографијата на која двојката држи новороденче.

Треисет и седумгодишниот Сноиден во 2013 година пребега од САД во Хонгонг од каде што откако на британскиот весник The Guardian и американскиот The Washington Post му ги предаде материјалите за масовното шпионирање на САД на милиони луѓе во светот, вкучително и на челниците на американските сојузници, остана заглавен во Москва во обидот да се префрли во некоја земја во Јужна Америка.

Поради потерницата по него и американските санкции на летовите кон Латинска Америка, Сноуден во прво време остана заглавен на меѓународниот терминал на московскиот аеродром, а подоцна доби престој во Русија.

На Сноуден повеќепати му беше продолжуван азилот во Русија, а во ноември годинава соопшти дека тој и сопругата ќе побараат руско државјанство. Тој веќе има дозвола за траен престој, што е важен чекор кон остварувањето на правото на државјанство, изјави неговиот адвокат Анатолиј Кучена.

Американските власти со години очекуваат да го уапсат Сноуден, обвинет за шпионажа. Ресурсот Politico во петокот објави дека неколку републикански пратеници го советувале американскиот претедател Доналд Трамп да го помилува Сноуден, што го навестуваше самиот уште во кампањата за претседателските избори.

Американскиот пастор Мајк Барнс, близок на Трамп, кон седината на декември објави дека претседателот ќе го помилува Австралиецот Џулијан Асанж, основач на ресурсот WikiLeaks, кој исто така е баран од САД за шпионажа поради објавувањето на стотици илјади доверливи документи за американските војни на Блискиот исток и за дипломатската преписка во која се навредуваат и исмејуваат бројни светски челници.

Веста за помилувањето на Асанж ја објави и WikiLeaks, а тогаш се огласи и самиот Сноуден, објавувајќи дека се надева дека веста е вистинита.