Едвардс останува во Минесота за 260 милиони долари

Американскиот кошаркар, 21-годишниот Ентони Едвардс, се согласи да го продолжи договорот со НБА тимот Минесота Тимбервулвс, според кој во следните пет години ќе заработи 260 милиони долари.

Минесота го избра Едвардс како прв на драфтот во 2020 година, а во изминатите три години поминати во најсилната кошаркарска лига на светот, овој бел-шутер имаше просек од 21,8 поени, 5,1 скока и 3,7 асистенции.

Минесота во последните две сезони играше и во плеј-офот, дватапати беше елиминирана во првото коло, а на тие 11 одиграни натпревари Едвардс имаше просек од 28,1 поен со 4,5 скока и 4,0 асистенции.

Минатата сезона Едвардсго имаше најдоброто остварување во кариерата со 24,6 поени, 5,8 скока и 4,4 асистенции.

Едвардс на крајот на летово ќе игра за селекцијата на САД на Светското првенство, чии домаќини од 25. август до 10. септември ќе бидат Јапонија, Филипините и Индонезија.