Eвe кој ќе настапува на „Пиволенд 2017“ на Скопско кале

Десеттиот јубилеен „Пиволенд“ ќе понуди поинаков концепт и ќе трае шест дена, од 7-12 август.

Посетителите на Скопското кале на главната сцена ќе имаат можност да ги чујат „Ван Гог“, „С.А.Р.С.“, „САФ“, диџеј Чваре, „Конкеринг лајон“, Ивана Петерс – лидерка на „Негатив“, „Неверне бебе“, „Сингл лејдис – трибјут ту Бијонсе“, Нина Јанева, „Шајн“, „Чил плеј“, диџеј Страјк, диџеј Цена, Соња Исмаил, диџеј Драгзи Драгз, диџеј Тина, „Саут парк“, диџеј Крис, „Дуо Зи“, „Кепурдат“ и диџеј Славе.

На 8-ми август ќе има и видео бим каде што групно ќе се гледа натпреварот помеѓу Реал Мадрид и Манчестер Јунајтед.

Следуваат уште многу забавни содржини на фестивалот, а во тек и пријавувањето на конкурсот за млади бендови, диџеи и артисти кои сакаат да ја промовираат својата музика пред посетителите на „Пиволенд“.