Челникот на корпорацијата „Amazon“, Џеф Безос, трета година по ред ја предводи листата на најбогатите меѓу милијардерите, според рангирањето на финансискиот магазин Forbes.
Според највоното 34-то годишно рангирања на најбогатите луѓе во светот, богатството на Безос е проценето на 113 милијарди американски долари, намалувајќи се за 18 милијарди долари. На второто место на листата на Forbes е еден од основачите на „Microsoft“, Бил Гејтс, чиешто богатство е проценето на 98 милијарди долари.
На третото место е генералниот директор на франциската групација LVMH (Louis Vuitton Moet Hennessy), Бернар Арно, чие богатство е проценето на 76 милијарди долари. Тој од третата позиција го потисна челникот на инвестицискиот фонд „Berkshire Hathaway“, Ворен Бафет, кој се падна место подолу на листата, а неговата сопственост вкупно се проценува на 67,5 милијарди долари, што е за 15 милијарди помалку од пред една година.
Првата петорка на најбогатите луѓе на планетата ја заокружува милијардерот Лари Елисон, со богатство од 59 милијарди долари.
Севкупно во рангирањето на Forbes се вклуче и 2.095 милијардери, чиешто вкупно богатство изнесува 8 трилиони долари. Минатата 2019 година оваа листа на најбогатите и највлијателните луѓе ја сочинуваа 2.153 милијардери со вкупно богатство од 8,7 милијарди долари.