Членот на втората Бундес лига, Падерборн ќе биде почетната станица во тренерската кариера на контроверзниот Ефенберг, а двете страни веќе потпишале и договор.
Ова е вистинска хемија. Ефенберг е првокласно фудбалско име и полн е со ентузијазам за работата во Падерборн. Убедени сме дека ќе ни донесе ветар во грб и дека ќе ги инспирира и играчите и навивачите, истакна претседателот на Падерборн, Вилфред Финке.
Новиот предизвик со нетрпение го очекува и Ефенберг…
Веќе подолго време размислував за почеток на тренерска кариера. Падерборн е одлична средина за таков почеток. Има квалитет и убеден сум дека ќе почнеме да победуваме, истакна Ефенберг кој ќе дебитира на клупата во петок на домашен терен против Ајнтрахт Брауншвајг.