Бунт во Карпош против новиот Детален Урбанистички план на Градоначалникот Богоев.
Граѓаните на Жданец и Трнодол денеска не дозволија да се одржи јавната презентација за новиот „ДУП“ бидејќи е сеуште лето и побараа таа да се закаже во септември,но пред тоа побараа да имаат состанок со градоначалникот Стефан Богоев.
Имено, жителите нагласија дека нема да дозволат од Трнодол и Жданец да направат Дебар Маало.
Општинарите најпрво ги убедуваа граѓаните дека јавната анкета е само процедура и не значи носење на планот, но по жестоките притисоци на граѓаните проследени со скандирање „Трнодол не го даваме“ немаше друг начин освен да се попушти.
Ова е само еден од доказите дека ефтините трикови на СДСМ не поминуваат повеќе кај карпошани и дека нема да дозволат да бидат изманипулирани. Имено, граѓаните се свесни дека беа изманипулирани од страна на Градоначалникот Стефан Богоев, а како за потсетување само во целата кампања за градоначалничките избори ветуваше многу зеленило, нови дрва и обновување на парковите, но наместо тоа, во Карпош се повеќе се градат нови згради, а се уништуваат зелените површини.