Ефтов: Заев не очекува дека СДСМ ќе победи на избори и прави се’ да го ублажи поразот

За да имате точни проценки што ќе се случува во Македонија треба само да ги слушате политичарите и да ги анализирате добро нивните изјави. Денес имавме и можевте да слушнете две изјави. Едната на Заев кој кажа дека СДСМ се залага на следните избори цела Македонија да биде една изборна единица. И втората на Груевски кој се залага за мнозински модел, односно враќање на изборниот модел според кој беа организирани првите и вторите парламентарни избори во Македонија и во значаен дел и изборите 1998 година. Со две вакви изјави на секој што следи политика му е јасно што очекуваат двете најголеми партии на изборите во април. Тука не ви требам ни јас ниту било каква моја проценка и анализа, коментира новинарот Васко Ефтов на неговиот Фејсбук профил.

eftov

Според неговата кратка и концизна анализа Заев се залага Македонија да биде една изборна единица бидејќи не очекува победа на априлските избори.

Според донтовиот модел партијата која има најмногу гласови (најмногу гласови во една изборна единица ) во основа може да смета за три до пет пратеници бонус. Во најлош случај за бонус од два до четири пратеници. Плус пратениците во дијаспората. Зошто Заев ако цени дека СДСМ ќе ги добие следните избори ќе се отказе од тој донтов бонус!? Нема логика нели! Или логиката е многу проста: Заев не очекува дека СДСМ ќе победи на следните избори и прави се (со математицки операции ) да го ублажи поразот на СДСМ. Односно, ВМРО да изгуби дел од донтовиот бонус и дел од пратеничките мандати во дијаспората. Тоа укажува дека Заев ја почнува битката не за да победи на изборите туку да изгуби со што е можно помала разлика за да може да остане на чело на СДСМ. А што ви зборувам јас цело време!? Сега само мајстор Заев ги потврди сите тези и анализи кои ги правев досега, пишува Ефтов.

За изјавата на Груевски дека преферира мнозински изборен модел, тој коментира:

Тоа е модел сличен на претседателските избори каде само еден победува. На пример се избираат 120 пратеници. Теоретски е можно во сите 120 случаи кандидатите на СДСМ да имаат 49 отсто од гласовите ( во вториот круг ), кандидатите на ВМРО да имаат 51 отсто од гласовите и во такви услови СДСМ да има нула пратеници а ВМРО 120 пратеници без разлика што разликата меѓу двете партии е само два отсто. Што ќе рече дека мнозинскиот модел значајно го зголемува пратеничкиот резултат на најсилната партија. Со инсистирање на мнозинскиот модел Груевски покажува дека верува во џандар збира избори какви што се мнозинскиот-каде победникот носи се. Така стојат сега работите, затоа треба со внимание да ги читате и анализирате изјавите на политичарите.